По операцијата, Столе Стоилов повторно на нозе (ФОТО)

0
93

Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата, капитенот на РК Вардар на денешниот контролен преглед открил дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности.

65101055_2908210579221528_6144722818903834624_n

Докторите од Систина, болницата каде бил изведен оперативниот зафат, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, коишто ќе потпомогнат за побрза рехабилитација.Му посакуваме брзо опоравување и што поскоро враќање на терените.

65185413_2908210585888194_896679821537443840_o

Извор:курир.мк

Коментирај