По невремето Усје плива во вода- жителите револтирани од градоначалникот Темелковски кој ги излажал за атмосферска канализација (ФОТО)

0
482

По краткото невреме кое го зафатија делови од Скопје револтирани граѓани ни испратија фотографии од населеното место Усје во Кисела вода кое како што ни пишуваат тие плива во вода.

Тие велат дека нема ништо од атмосферската канализација која што им ја ветувал градоначалникот Филип Темелковски пред изборите и пред да седне во канцелариската фотелја.

Револтираните жители на Усје преку фотографиите на кои се гледаат реки по улиците му порачаа на Темелковски да се фати за работа.

Коментирај