По која цена ФФМ ги пушти картите за квалификациите на Македонија за ЕП 2020?

0
244

Репрезентацијата на Македонија ги започнува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020 година, а ФФМ денеска ја одреди цената на билетот за првиот натпревар.

Македонија е во група со Полска, Австрија, Словенија, Израел и Летонија, а националниот тим ги отвора квалификациите на 21 март 2019 година против Летонија на арената „Филип Втори” во Скопје со почеток од 20:45 часот. Само три дена подоцна Македонија и гостува на Словенија во Љубљана.

Билетите за мечот Македонија-Летонија можат да се најдат преку продажната мрежа на MKTickets и на благајната на Националната арена „Филип Втори” по цена од 150 денари, објави на својот сајт Фудбалската федерација на Македонија.

Коментирај