ПО БАРАЊЕ НА СЈО: Мијалков, Камчев, Јанакиески, Божиновски и другите осомничени излегуваат од „Шутка“

0
773

Од денеска до Нова година, етапно ќе бидат пуштани од притвор во Шутка осомничените Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други лица опфатени во случајот на СЈО „Империја“, но и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, притворени за случајот „Титаник“, доколку за тоа одлучат надлежните судии во Апелациониот суд Скопје и во Основниот суд Скопје 1, објави порталот СДК.мк

Според информациите на порталот „Сакам да кажам“, СЈО вчера попладне предложило ублажување на мерката притвор во куќен притвор и мислењето го испратило до двата суда. Одлуки сè уште нема, но според адвокатите и СЈО пуштањето од притвор би требало да почне од денеска, заклучно со 31 декември.

Останува нејасно дали судовите при носењето на одлуките ќе ги прифатат гаранциите што ги имаа понудено осомничените во „Империја“ и во „Титаник“.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков понуди гаранција од милион евра дека нема да избега, додека пак Орце Камчев има доставено гаранција од 14.800.000 евра. Исто така, и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски го понудија целиот имот со кој располагаат како гаранција за да излезат од притвор.

Коментирај