По 32 години Microsoft ја повлекува Paint

0
313

Компанијата Microsoft откри дека графичката програма Paint веќе нема да се „разработува активно“ и може да биде отстранета во целост од Windows. Paint беше претставена во далечната 1985 година и од тогаш досега е присутна во секоја верзија на оперативниот систем на Microsoft. Иако нејзините можности не се големи, програмата е лесна за користење и е омилена на милиони корисници ширум светот. Компанијата објави листа на програми од Windows, кои ќе бидат запрени. Paint трпи големи загуби, иако за неговата судбина сè уште постои надеж, бидејќи според Microsoft „листата на запрени програми може да претрпи промени“.

Коментирај