Пица Тоскана

0
630

За тестото:
150 гр. брашно
1 јајце
100 мл. млеко
10 гр. квасец

Додатоци:
100 гр. пушено свинско филе
5 кисели краставички
50 гр. топено сирење
10 лажици доматно пире
60 гр. кашкавал
1 лажиче оригано
сол

Свежото млеко (100 мл.) загрејте го малку и кон него додадете го квасецот (10 гр.). Од брашното (150 гр.) и јајцето (1 парче) направете тесто. По 5 минути месење додадете го млекото со квасецот и месете уште 5-10 минути. Оставете го тестото на топло да нарасне (околу половина час). Откако ќе нарасне тестото ставете го во тркалезна тава, намачкана со малку маслиново масло. Врз тестото ставете го доматно пире (10 лажици), пушеното свинско филе (100 гр.), киселите краставички исечени на тркалца (5 парчиња), зачините, парчиња топено сирење (50 гр.) и ренданиот кашкавал (60 гр). Пицата печете ја околу 25 минути на температура од 200 степени.

На здравје!

Коментирај