Писателот Јанчовски за „паламуди“: Разочарувачки, Заев да најде сила да се затвори себеси и својот брат

0
627

Еминентниот македонски писател Тихомир Јанчовски реагираше на вокабуларот на премиерот Зоран Заев на собраниската расправа на која тој на пратеникот Владимир Ѓорчев му рече дека „паламуди“.

„Инаку, зборот „паламуди“ не е струмичаки туку апла скопски и сам по себе, тој е прилично интересен. Колку што се сеќавам, тој во скопскиот дијалект влегол под влијание на сафарди, јазикот на шпанските Евреи што живееле во Скопје, а биле протерани од Шпанија во времето на Фердинанд и Изабела. Палавра на шпански е збор.

Инаку, премиерот сигурно не го чита она што јас го пишувам, сепак би му порачал да не палавари многу, туку да ги испозатвори сите тешки криминалци од претходниот режим (политичари и бизнисмени), а откако ќе заврши со тоа – да ги затвори и сегашните криминалци од својата партија, и конечно, да собере сили и да не заборави да се затвори себеси и својот брат, за Македонија да добие надеж дека сепак ќе ја биде како држава во која може достоинствено да се живее. Вака, како што е, е многу разочарувачки и земјата нема иднина“, напиша Јанчовски на Фејсбук

1718372a-fa69-4fbc-89de-7cf280a85cbe

Заев по „народски“ ги брани своите предлози: 20 години државата ве плаќа да паламудите и да мешетарите

Ѓорчев до Заев: Вашиот речник зборува за Вас, ваков срам НЕ доликува за еден премиер, макар и за Зоран Заев (ВИДЕО)

Коментирај