Пино го нема повеќе од еден месец, МВР ја убедува мајката дека тој сам избегал

0
273

Повеќе од 30 дена се трага по Пино кој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навeчер.

Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода” со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.

Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.

-Полицијата во Македонија се уште ме убедува дека мојот син избегал од дома. Тие се некомпетентни. 32 дена без мојот Пино, напиша неговата мајка на нејзиниот Фејсбук профил.

Извор: kurir.mk

Коментирај