Пилешко месо со ананас на кинески начин

0
304

Состојки:
– 2 лажици маслиново масло
– ½ кромид
– 300 гр. пилешки гради
– 500 мл. супа од зеленчук
– 2 чаши ориз
– 1 праз
– 100 гр. печурки свежи
– 3 парчиња ананас
– 1 мала лута пиперка
– 2 прстофати рендан ѓумбир
– сок од 1 лимон
– 20 мл. сос од соја
– зачини по избор
– 1 гранче свеж коријандер

Подготовка:
Зачинете го пилешкото  месо. Додадете го маслиновото масло, месото и кромидот во садот за готвење. Пржете околу 5 минути. Ставете го празот, печурките, ананасот, лутата пиперка и ѓумбирот. Затворете го капакот и оставете го јадењето да се готви 10 минути.
Потоа додадете го оризот и супата, измешајте сè и затворете го капакот. По 10 минути додадете го сокот од лимон и сосот од соја. Кога оризот ќе биде готов можете да го сервирате јадењето така што ќе го украсите со свежиот коријандер. 

На здравје!

Коментирај