Пилешки стек со печурки и мед

0
912

Состојки:

  • 1 кг. пилешки стек
  • 400 гр. печурки
  • 1 портокал
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица семе од синап
  • 2 лажици маслиново масло
  • црн бибер
  • сол

Подготовка: 
Пилешките стекови (1 кг.) се посолуваат со сол и црн бибер и се ставаат во тава. Од свежо исцедениот сок од портокали (1 парче), сенфот (1 лажиче), медот (1 лажица) и маслиновото масло (2 лажици) подгответе смеса и ставете ја врз месото. Потоа посипете го месото со семето од синап (1 лажица). На крај на пилешките стекови ставете ги измиените печурки (400 гр.). Јадењето се пече на 180 степени до негова готовност.

На здравје!

Коментирај