Пилешки прсти

0
3864

Состојки:
– 1 кг. пилешки стек
– 3 јајца
– 150 мл. пиво
– 6 лажици брашно
– 1 лажичка мешан сув зачин
– 1 лажичка сол
– 3 лажици сенф
– 6 лажици презла
– 250 мл. масло
– 300 мл. млеко

Подготовка:
Стековите исечете ги на долги парчиња со дебелина колку прстот, зачинете ги, премачкајте ги со сенфот и ставете ги во сад во кој сте го ставиле млекото. Оставете ги да отстојат 30 минути. Во друг сад одделете ги белките од жолчките. Со помош на миксер измешајте ги жолчките па потоа додадете ги пивото и брашното во нив. Измешајте убаво. Потоа додадете ги и белките кои претходно сте ги измешале со миксер (цврст снег). Измешајте ги убаво двете смеси.
Стековите извадете ги од млекото ставете ги во смесата со јајца па потоа и во презлата и испржете ги во врело масло. Кога ќе ги испржите оставете ги на кујнска хартија за да се впие мрснотијата.

На здравје!

 

 

 

Коментирај