Пикантни ќофтиња

0
715

Состојки:

  • 500 гр. телешко мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 печена лута пиперка
  • 1 црвена печена пиперка, ситно исечкана
  • 1 филџан трошки од пченкарен леб
  • 3 лажици јогурт
  • 1 чешне лук, ситно исецкано
  • 1 лажичка оригано
  • 2 лажици магдонос, ситно исецкан
  • 1 лажиче ѓумбир, исецкан
  • вегета
  • сол
  • црн бибер

Гарнир:

  • 1 филџан сварена пченка
  • 1 црвена пиперка, ситно исечкана
  • 1 домат, излупен и исечен на коцки
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 чешне лук, ситно исецкано
  • 1 лажица копар
  •   сол и бибер по вкус

1.Печената лута пиперка излупете ја,  отстранете го семето и исецкајте ја ситно.
2.Трошките од лебот измешајте ги со јогуртот, вегетата, солта и црниот бибер. Потоа смесата ставете ја во месото заедно со јајцето, двата вида пиперки, лукот, ориганото, магдоносот и ѓумбирот.
3.Оформете ќофтиња и потоа ставете ги на скара да се испечат или пак испржете ги во маслиново масло.
4.За гарнирот загрејте го маслото и во него ставете ги  пиперките и пченката. Промешајте 3-4 минути па додадете ги лукот, доматите и копарот. Ставете сол и црн бибер по вкус.

На здравје!

Коментирај