Peugeot го враќа 4008 во својата гама

0
188

Францускиот производител „Peugeot“  планира да го врати 4008 во својот асортиман. Тоа ќе биде тежок кросовер кој ќе биде достапен на пазарот во 2020-та година, вели Авто Експрес.

Според информациите, возилото ќе ја користи модуларната платформа „EMP2“ на концернот „SPA“, која е во основата на голем дел од моделите на „Peugeot“ и „Citroen“. Крос-купето ќе добие 3-цилиндричен бензински мотори од семејството „PureTech“ и дизел мотори со 4 цилиндри со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри.

Исто така, ќе има и две хибридни модификации, базирани на 1.6-литарскиот „THP“ мотор. Послабата опција ќе работи со еден дополнителен електромотор и ќе развива 240 КС, а најмоќниот – со два, така што моќноста ќе биде 300 КС.

Моделот Peugeot „4008“ официјално беше претставен во септември 2011-та година, а неговото производство започна во почетокот на 2012-та година. Тој беше развиен во соработка со „Mitsubishi Motors“, а на истата платформа се уште „Mitsubishi ASX“ и „Citroen C4 Aircross“. Во 2017-та година, 4008 беше окупиран од Peugeot 3008, пренесува порталот Денар.мк.

Коментирај