Петров за Заев: Првиот премиер кој јавно призна велепредавство, па и не го крие тоа

0
750

ПРВИОТ ПРЕМИЕР КОЈ ЈАВНО ПРИЗНА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО, ПА И НЕ ГО КРИЕ ТОА!

2005 година Љубомир Фрчкоски знаеше да каже: „Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа“. За жал, сега се пее по други ноти…

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија 24 рече: „Јас сум првиот македонски премиер кој кажал дека за нас е прифатливо име со географска одредница и мислам дека тоа помогна во преговарачкиот процес. Грчката страна има разбирање за идентитетот и верувам дека ќе успееме“.

За жал, ифантилноста на Заев кон интересите на Атина за државата Македонија е навреда за достоинството на Македонската нација: Се чека Ципрас да ни’ каже кои сме, кој е нашиот јазик, како да се вика нашата држава…

И покрај се’ и после се’, после сите резили, сепак, ќе останат Македонците, Македонскиот јазик и Македонија!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна!

Пишува: Тодор Петров на својот Фејсбук профил

Коментирај