Петров: Оставката е морален чин и за неа не се гласа, оставката само се констатира

0
240

За оставката не се гласа, дали се прифаќа или се отфрла, таа е морален чин на подносителот, оставката само се констатира во органот кој го извршил изборот, напиша Тодор Петров во својата Фејсбук објава по повод оставката на Никола Груевски од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ и шпекулациите на одредени провладини медиуми дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  ја отфрилил оставката на Груевски, како и лагите дека најголемата опозициска партија одлучила дека нема да оди на вонреден Конгрес.

Неговата објава ја пренесуваме интегрално:

За да нема заблуди: Не постои отповиклива и неотповиклива оставка. Или има оставка или нема оставка, трето нема. За оставката не се гласа, дали се прифаќа или се отфрла, таа е морален чин на подносителот, оставката само се констатира во органот кој го извршил изборот и веднаш го разрешува, започнува процедура за нов избор. Ако нема оставка, а се утврди одговорност, носителот на функцијата може да се разреши, по сила на статутот или со одлука на органот. Оставката никого не ослободува од одговорност ако органот што го извршил изборот или друг надлежен орган реши да ја утврди!

loading...

Коментирај