Петре М. Андреевски: Секој народ има свој предавник – Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои

0
7387

„Ама секоја куќа има свој нужник, што се вели, и секој народ има свој предавник. Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои. Така кажуваат и народните песни. Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба, како кукавицата своите јајца во туѓите гнезда. Некој војвода има речено: за да станеш предавник, доволно е да си Македонец. Ништо не ти треба друго и ништо повеќе. Господ да ни е на помош, би рекол, зашто и нашиот господ е шпион…“

Пишува вечниот и незаменлив Петре М. Андреевски во својот роман „Небеска Тимјановна“ во далечната 1988 година.


Книгата „Небеска Тимјановна“ е уште едно ремек – дело на докажаниот македонски писател на модерната македонска литература. Во стилот на Андреевски е да ја прикаже ситуацијата на македонскиот народ од одредена етапа на егзистирање, во случајов, животот на Македонците – борци од периодот на Втората светска војна.

Колку само бил тежок животот на луѓето кои се бореле за својата земја, посебно животот на жените кои се бореле против разни угнетувачки војски! Биле затворени, уапсувани, измачувани, бидејќи се бореле за незавиноста на Македонија во рамките на тогашна Југославија. Историјата на нашата земја е тажна – непризната од никој, македонскиот јазик строго забрануван и за домашна употреба, сметана за слепо црево на Балканот. Андреевски успева да го претстави визуелниот приказ на политичката, социјалната и трагичната ситуација што постоела тогаш, а воедно ја презентира и тенденцијата на нашиот народ да биде признат, самостоен и прифатен. Преку описот на животот на Небеска, тој метафорично го опишува животот на сите луѓе – борци за подобро утре, посветла иднина, појасен хоризонт на можности.

  • Скриената порака на овој роман е тоа што треба да бидеме горди за тоа што сме денес, знаејќи дека некој во минатото се борел со петни жили за она што го имаме денес, за она што се презентираме пред светот како слободни и постоечки. Смислата на животот се состои во тоа да бидеме свесни за нашето постоење, да имаме одредена цел и амбиции за остварување на истата.

Коментирај