Пет животни лекции кои успешните жени ги имаат совладано

0
179

Опра, Бијонсе и другите бестрашни дами ги споделија своите лекции кои ги довеле до врвот! Време е и вие да ги научите! Секоја успешната жена морала да помине низ различни животни фази, иако денес се синоним за кариера и богатство, а зад сѐ што денес гледаме се кријат многу тешки и одлучувачки моменти.

Сите овие жени имаат една заедничката работа, а тоа е дека на патот кон успехот научиле неколку животни лекции кои ви ги откриваме во продолжение.

Никогаш нема да бидете доволно подготвени – „Жените мораат да го отфрлат размислувањето дека не се подготвени да направат нешто и да размислуваат на начин да сакаат да направат нешто и да научат нешто во процесот.“ – Шерил Сандберг

Секогаш ќе налетувате на препреки и предизвици – „Предизвиците се подароци кои нѐ тераат да бараме ново средиште на гравитација. Не се борете со нив. Само пронајдете нов начин да стоите.“ – Опра Винфри

Нема сите да се сложуваат со вашата визија – „На луѓето им е тешко да почитуваат човек кој никогаш ништо не направил. Но, мене тоа ми даде ветер во грб за да се поместам напред.“ – Џесика Алба

Сосема е во ред и да доживееш неуспех – „Реалноста е дека понекогаш ќе доживеете неуспех. И никогаш не сте предобри за да изгубите. Никогаш не сте преголеми за да изгубите. Никогаш не сте препаметни за да изгубите. Тоа едноставно се случува.“ – Бијонсе

Не дозволувајте стравот да ве спречи – „Бестрашноста е како мускули. Од својот сопствен живот, знам дека што повеќе вежбам, така природно не дозволувам низ животот да ме водат некакви стравови.“ – Аријана Хафингтон

Извор: СкопјеИнфо.мк

Коментирај