Пет предвидувања за економијата при претседателството на Трамп

0
356

По шокантниот резултат од референдумот за останување на Велика Британија во ЕУ, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД се покажа како уште едно непријатно изненадување за многумина.

Новоизбраниот претседател ќе располага со сите лостови да ја активира својата економска политика, која, според него, ќе биде радикална.

Кои ќе бидат последиците за светската економија и за меѓународните пазари?

Францускиот весник Les Echos објави пет предвидувања:

Предвидување 1: Американската економија

САД ќе се насочи кон поповолна буџетска политика. Маневрирањето на Доналд Трамп на тоа поле ќе биде ограничено до одреден степен од Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом, а можеме да очекуваме намалување на даноците и зголемување на трошоците за инфраструктура и одбрана.

Ова ќе има инфлациски последици на среден рок и трендот на раст ќе се задржи. Средствата со висока вредност на бета-коефициентот, американските обигации со висок поврат, би требало да добијат од тоа.

Предвидување 2: Пазарите

Активите кои заработуваат од инфлацијата, ќе се претстават подобро од оние кои заработуваат од дефлација. Хартиите од вредност ќе се претстават лошо од суровините и недвижностите во свет во кој политичарите ќе вложуваат на популистичката карта.

Предвидување 3: Еврозоната

Европа ќе биде соочена со значителни политички тешкотии во следните 12 месеци. Ако треба да се извади поука од оваа година, таа е дека треба да го очекуваме неочекуваното. Доколку бидеме сведоци на политичките превирања во Франција и Германија? Ќе гласаат ли Италијанците против реформата на Сенатот на референдумот планиран на 4 декември?

Ова може да постави сериозни прашања за иднината на еврозоната. За момент тоа не се рефлектира од сегашните нивоа на периферните европски пазари.

Предвидување 4: Европската централна банка

Претседателството на Трамп ќе доведе до намалување на трговската размена со Европа. Кревкото закрепнување во Европа може да биде лошо. Се уште е премногу рано да се зборува за повлекување на Европската централна банка. Тоа ќе ја продолжи програмата за квантитативни олеснувања на крајот на годината, откако треба да направи некои корекции.

Предвидување 5: Роботите

Трамп најверојатно нема да подигне ѕид. Но дури и да го направи, тоа нема да е пречка за роботите во компаниите. Нивниот број се очекува да се удвои до 2020-та година, за да достигне 2,5 милиони единици. Заедно со прекумерениот стремеж кон заштеда во Азија (која заостанува, но останува значаен фактор во светската економија), роботите се факторот кој натежнува врз инфлацијата и приносот на обврзниците. Иако постои тенденција за зголемување на приносот на обврзниците, тие нема да се вратат на нивото пред кризата.

 Извор: Денар

Коментирај