Пет кратки и прекрасни мудри приказни

0
81

1. Си бил еднаш еден стар, мудар Кинез кој одел низ едно поле прекриено со снег и здогледал една постара жена која плачела.

Тој ја запрашал: „Зошто плачеш?“

„Затоа што размислувам за својот живот, младост и убавина која ги гледав во огледалото, како и за мажот кој го сакав. Бог беше суров кон мене, затоа што ми даде способност за помнење. Знаел дека ќе се сетам на пролетта на мојот живот и дека ќе заплачам.“

Старецот стоел на снежното поле и размислувал, загледан во една точка во далечината. Одеднаш жената престанала да плаче и го прашала: „Што гледате таму?“

Тој одговорил: „Поле со рози. Бог бил великодушен кога ми ја дал способноста за помнење. Знаел дека во зима секогаш можам да се сетам на пролетта и да се насмевнам.“

2. – „Разбери… постојано се расправаме. Не можеме да бидеме заедно, зарем не?“

– „Дали сакаш вишни?“

– „Да.“

– „А ја плукаш ли семката кога ги јадеш?“

– „Секако.“

– „Е па исто е и во животот… Научи да ги плукаш семките, а истовремено сакај ги и вишните.“

3. Четири свеќи постојано гореле и постепено почнале да се растопуваат… Во просторијата било толку тивко што човек можел да ги чуе свеќите како разговараат.

Првата свеќа рекла: „Јас сум Спокојство. За жал, луѓето не знаат како да ме сочуваат. Мислам дека не ми преостанува ништо друго освен да згаснам.“ И пламенот згаснал.

Втората свеќа рекла: „Јас сум Вера. За жал, никому не сум потребна. Луѓето не сакаат да чујат за мене и затоа нема смисла и натаму да горам.“ Штом го кажала тоа, згаснала.

Ожалостена, третата свеќа рекла: „Јас сум Љубов. Но, ми недостасува сила и натаму да горам. Луѓето не ме ценат. Не знаат ни дадат, ниту да примат љубов.“ На крај и оваа свеќа згаснала.

И одеднаш во собата влегло едно дето. Ги видело трите свеќи кои повеќе не гореле, се исплашило и рекло: „Што ви е? Морате да горите! Се плашам од темнината“ и почнало да плаче.

Вознемирена, четвртата свеќа рекла: „Не се плаши! Немој да плачеш! Сѐ додека горам, можат да се запалат и останатите три свеќи. Јас сум НАДЕЖ.“

4. Една жена, одејќи низ улиците на Париз, го здогледала Пикасо како црта седејќи на масата во една улична кафана. Го прашала дали би сакал да ја нацрта за соодветна надокнада. Тој се сложил и за неколку минути цртежот бил готов.

„Колку ви должам?“

„5000 франци.“

„Но, потребни ви беа само три минути.“

„Не, за тоа ми беше потребен цел живот.“

5. Една девојка седела на клупа во парк и гласно плачела, кога покрај неа поминало дете на трицикл. Му паднало жал, па ја прашал: „Зошто плачеш?“ И таа одмавнувајќи со раката му рекла: „О, душо, не можеш да го сфатиш тоа.“

На детето му изгледало дека после ова таа почнала уште посилно да плаче. Повторно ја прашал:

„Те боли нешто? Сакам да ти дадам играчка? Имам многу…“

Девојката уште повеќе се расплакала:

„О, детенце, никому не сум потребна и никој не ме сака.“

Дете сериозно ја погледнало и ја запрашало:

„А дали си сигурна дека ги имаш прашано баш сите луѓе?“

Коментирај