Пет дипломати ризикуваат кривични пријави за Северна Македонија – Erga Omnes

0
1381

Покрај премиерот Заев и министерот Димитров уште пет искусни македонски дипломати од МНР се соочуваат со кривични пријави за помагање при вршење кривично дело кое се казнува со минимална казна од 5 години затвор. Правни експерти блиски на помалите политички партии велат дека сите што активно учествуваат во помагање при вршење кривично дело согласно член 308 од Кривичниот законик можат да одговараат за своите постапки ако се свесни дека прават кривично дело, пишува Експрес.мк.

Во случајот со создавање правна рамка која се коси со уставот и законите на РМ сите инволвирани се експерти кои се свесни за своите чекори.

Тоа што финалниот потпис на договорот со Грција ќе биде ставен од страна на политичките функционери Димитров или Заев не ги исклучува од одговорност експертите кои создаваат правна рамка за промена на името спротивна на македонскиот устав.

Во членот 308 пишува: „Граѓанин на РМ кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на ПОТЧИНЕТОСТ или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

Целата објава на: Експрес.мк

Коментирај