Пешев: Одамна не сум се чувствувал толку навредено, „Рекет“ ја прели чашата и кај бизнисот

0
258

Поранешниот министер кој сега е претседавач на собранието на Стопанската комора, Антони Пешев, вели дека случајот „Рекет“ имал големо влијание врз бизнисот додавајќи дека одамна се нема чувствувано така навредено поради тој случај.

Под силна импресија на ова што се случуваше изминатиот период во Македонија, ситуацијата што сме ја гледале само во грди, евтини, нискобуџетски криминални филмови. Одамна не ми се случило да се чусвствувам толку ниско и навредено. „Рекет“ ја прели чашата и кај бизнисот, вели Антони Пешев, од Стопанската комора на Република Македонија.

Коментирај