Перо Антиќ со над 1.000 поени во дресот на Црвена звезда

0
56

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ се впиша во клупската историја на Црвена звезда како еден од играчите кој постигнал  повеќе од 1.000 поени во црвено-белиот дресот.

Со десетте поени на синоќешната средба против Валенсија во Евролигата, која Црвена звезда ја доби со 86-82, Антиќ стигна до бројката од вкупно 1001 поени во дресот на белградска екипа.

Статистичарите од овој реномиран клуп, разбирливо ги пресметаа сите 150 поени кои Антиќ ги има постигнато сезонава (84 во Евролигата и 46 во АБА конкуренцијата), по неговото враќање во Белград, како и претходните поени кој искусниот кошаркар ги има постигнато про неговиот прв престој во редовите на Црвена Звезда од 2005 до 2007 година.

Коментирај