Перфектно место за нуркање во Грција (ВИДЕО)

0
416

Едно од најудобните места за нуркање се наоѓа на Халкидики и претпоставуваме дека не знаете за неговото постоење.
Само на 135 километри од Солун, на полуостровот Ситонија, се наоѓа селото Порто Коуфо. Ова место е тивко и спокојно полно со рибарски бродови. Во преводот името значи „глуво пристаниште“, а жителите го нарекле така бидејќи заливот е толку сокриен што едвај се слуша шумот на морето. Имено таму се наоѓа најголемото природно пристаниште во Грција, со размери 1600 м должина и 550 м ширина. Интересен факт е дека за време на Втората светска војна, Германците го искористиле
како база за свои подморници, поради големата должина.
Кристално сините води и „историјата“ собрана во морето се идеални за нуркање.
Погледнете го видеото:

Коментирај