Пепа Димитрова со цвеќе им ги „затна дупките“ на скопскиот асфалт, ама и устата на општинската и градската власт, што се фали дека многу работи (ФОТО)

0
225

Една стара поговорка вели: „Кој по тебе со камења – ти него со леб“! Водена отприлика по поуката од оваа мудра мисла, македонската пејачка Пепа Димитрова реши да ја потсети општинската, а и градската власт дека не треба само вербално да се фалат во медиумите дека многу работат, кога се далеку од тоа!

Имено, пејачката револтирана од дупките кои зјаат по скопскиот асфалт, а секојдневно стануваат се подлабоки и поопасни за учесниците во сообраќајот, реши да им покаже на општинските власти што им е работата, кога ним веќе не им текнува да си ја сработат!

Screenshot_3-9

За својата борба против „лажните ветувања, без остварувања“ го избра најмоќното оружје – цвеќето! Како симбол на убавината, но и на мирот и своевидниот мирен протест против пропустите и глупостите! Па заедно со својата ќеркичка седна во автомобилот и тргна по вообичаената рута низ која секојдневно се движи и поминува – скопската населба Козле и општина Карпош!

Она што пејачката го забележила, решила да го исправи кога веќе оние кои за тоа ги плаќаме од наши пари и на кои меѓудругото тоа им е работа, не им текнува да го направат или поправат – да ги пополнат огромните дупки во асфалтот на најпрометните улици!

Screenshot_9-10

Затоа пак Пепа, дупка по дупка, секоја дупка ја „асфалтираше“ со китки свежо цвеќе. И тоа среде улица! А цвеќето како најмоќно оружје… Ем впечатливо и забележливо оддалеку, па секој ќе го види и ќе прикочи, за разлика од црната дупка на коловозот која никој не ја гледа и ќе го искрши автомобилот или не дај Боже, ќе направи поголема белја сакајќи да ја избегне дупката во последен момент, особено во шпицовите, среде градскиот метеж!

Screenshot_2-2

Освен тоа, кога ќе го видат цвеќето наидувајќи на него, белким ќе им текне и на оние од власта на кои тоа им е и обврска и работа и задача, конечно да почнат да си ја вршат должноста и да ги закрпат длабоките  дупки на коловозот! Впрочем, добар дел од нив токму и на еден од тие потези живеат и секојдневно тука и самите поминуваат: Капиштец – црква Свети Јован со Факултетот за Богословија и улицата што води до „буџите“ на Водно!

Screenshot_8-10

Ама додека ним им текне и текна на Пепа Димитрова… Микрофонот и сцената за миг ги замени со одговорен граѓански активизам, па штипјанката со скопска адреса на живеење, со цвеќе им ги затна дупките на скопскиот асфалт,  ама и устата на општинската и градската власт, што се фали дека многу работи!

75456742_2468977890089244_8587258780129951744_n-700x933

Па ако не им цвета работата, а владеењето им венее, барем вака нека „цутат“ улиците! Кој знае, после ова може ќе им текне… Или ќе чекаат да падне дожд за да го залее и цвеќето?!

Screenshot_12-9

Извор: вистина.мк

Коментирај