Пендаровски: „Посетата на Помпео е сигнал за враќање НА САД во регионот“

0
185

Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на регионот, сведочи за враќањето на САД на Балканот. Ова е констатација на двајцата претседатели – Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ кој е прв претседател кој го посетува Северна Македонија.

Претседателот на Црна Гора додаде дека соработката со САД секогаш била гаранција за прогрес во регионот – според него Северна Македонија му покажала на Балканот како се решаваат проблемите и затоа нејзиниот ангажман треба да биде награден од ЕУ.

Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора

„Многу е охрабрувачко засиленото внимание на американската администрација кон нашиот регион и ќе помогне во блиско време да ги надминеме проблемите пренесени од претходниот период и уште поодлучно да тргнеме на патот кон економскиот и демократскиот напредок“.

Пендаровски и Ѓукановиќ рекоа дека евроатланската интеграција нема алтернатива. Зборуваа и за соработката во областа на економијата и образованието и спроведување на заклучоците од заедничката владина седница од минатата година. Двајцата претседатели се согласија дека меѓу двете земји нема отворени прашања.

Коментирај