Пендаровски му го врачи мандатот на „техничкиот“ Спасовски

0
147

Во вила Водно пред малку претседателот  Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Оливер Спасовски да ја формира техничката влада која што треба да ги организира и спроведе предвремените парламентарни избори.

„Врз основа на најголемата политичка партија што го формира мнозинството во Собранието, за шеф на преодната Влада го именувам Оливер Спасовски“, рече Пендаровски.

На Спасовски му преостанува уште да биде изгласан за технички премиер во Собранието како наследник на Зоран Заев, кој согласно Пржинскиот договор си поднесе оставка.

„Сакам да се заблагодарам за честа и одговорноста што ја добивам како мандатар на преодната влада и да направиме се да има слободни и демократски избори “, порача досегашниот министер за внатрешни работи.

По добивањето на мандатот Спасовски треба на седница на Собранието да го изнесе своето експозе како мандатар на техничката влада и програмата за работа. Се очекува техничката влада да биде избрана во Собранието најдоцна до полноќ.

Според најавите од Кабинетот, по завршувањето на собраниската седница за избор на новата техничка влада, претседателот Пендаровски во неговиот Кабинет во „Вила Водно“ ќе ги прими членовите на новиот владин состав.

Коментирај