Пендаровски менува ставови како Заев (ВИДЕО)

0
885

Кандидатот на СДСМ и ДУИ за претстојните претседателски избори, Стево Пендаровски, очигледно е дека има кратка меморија.

Тој експресно ги менува своите ставови, па за сето тоа што го говореше пред неколку години сега молчи.

Пендаровски јавно говореше дека името не може да се решава без државен консензус. За консултативен референдум велеше дека е манипулација со народот. А исто така и јавно прашуваше кој дава право да се договара географска додавка на нашето уставно име.

Власта на СДСМ го направи сето тоа што тој гласно го критикуваше, но тој молчеше за време на целиот процес. Изгледа токму таквото менување на ставови, му го наградија со кандидатура за претседател.

-Еве еден чист став. Се надевам дека почист од ова-здравје. Коментари на ова ако има, да сме живи и здрави. Името не може да се решава без државен консензус. Не партиски, не владин, не национален, не етнички, туку државен. Тоа значи дека сите релевантни чинители, власта и опозицијата, Албанци и Македонци, сите треба да се сложиме околу тоа што е црвената линија на Република Македонија. Јас тврдам дека ова прашање има толку големи пропорции и нè засега сите што живееме во оваа држава, посебно Македонците. Легитимитетот кој владеачката партија го има добиено на избори не е доволен. Колку гласови имаат добиено, колку пратеници? Треба ли да имаме референдум на крајот од тој процес, говореше Пендаровски пред неколку години во своето гостување на телевизија 24.

Тој додаде дека референдумот мора да биде облигаторен во спротивно ќе претставува манипулација на граѓаните.

-Знаете ли колку луѓе треба да гласаат на тој референдум?Двете големи партии 2011-та рекоа дека ќе биде облигаторен. Консултативен, тоа е манипулација со народот. Или има референдум или нема. Јас сум да се постигне компромис, меѓутоа каква содржина ќе има тој компромис? Не може да решава само еден човек. Или сите ќе се договориме за тој компромис, кој не нè обезличува како Македонци или јас не сакам да разговарам за таа работа. Луѓето овде се согласиле на географска додавка. Кого прашале? Кој ги областил? Само, велат, се спори дали да е пред Македонија или пред Република. Кој им дал право да се договараат за географска додавка?-праша тогаш Пендаровски.

Дали сите овие прашања сега Пендаровски му ги има поставено на Заев?

Јавноста не виде овој политичар да го каже својот став за време на целиот процес додека партијата која ќе ја претставува на избори, го смени името на земјава.

Не излезе Пендаровски со јавна критика ни тогаш кога неговиот партиски лидер Заев спроведе облигационен референдум, на кој граѓаните со бојкот му покажаа што мислат.

Менувањето на ставови е главна карактеристика на Зоран Заев, оа по негови стапки тргна и Стево Пендаровски.

 

Коментирај