Пекарски печен компир со крем сирење

0
640

Мек и вкусен компир во комбинација со крем сирење, одличен како прилог со месо, а ако се послужи со салата може да биде и главно јадење

СОСТОЈКИ:
4 компири
150 гр крем сирење
100 гр павлака Пекабела
масло
сол
бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите измијте ги, исушете ги, од сите страни избодете ги со вилушка, премачкајте ги со масло и посолете. Подготвените компири ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени, околу 50 минути.
За тоа врема во помал сад ставете кисела павлака, додајте свежо крем сирење, зачинете со сол и бибер и сè заедно измешајте со жица. Вака подготвеното полнење ставете го во фрижидер да се излади.
Компирите ставете ги на чинии со листови зелена салата, наполнете ги со фил од сирење и послужете

Коментирај