Педофили избегале од затвор: Се соочија со пекол и едвај преживеаја кога гневни граѓани ги нападнаа (ФОТО )

0
521

Нема оправување доколку поединци го земаат законот во свои раце, ниту за насилните сцени, на кои бевме сведоци, вели инспекторката Џил Дафи

Двајца пребегани педофили едвај останале живи , кога на нив се нафрлиле жителите од местото Армаг во Северна Ирска.

Жителите со денови биле преплашени за своите деца откако двајца педофили избегале од затворот во близина.

Дел од жителите решиле да се приклучат во потерата на полицијата и успеале да ги најдат. Станува збор за Џејмс Уајт, 48-годишен силувач на деца и 26-годишниот педофил Џејсон Лидијард. Насобраните жители најпрвин ги врзале за клупа , ги претепале со шипки и ги полиле со сина боја.

Полицајците едвај им го спасиле животот. Полицијата смета дека станува збор за сериозен напад врз педофилите и ќе поведе истрага за кривична постапка против жителите.

-Нема оправување доколку поединци го земаат законот во свои раце, ниту за насилните сцени, на кои бевме сведоци, вели инспекторката Џил Дафи.

Педофилите се однесени во болница, едниот е задржан, а другиот е во притвор. Се очекува за најкус можен рок да бидат изведени пред судија за да им одреди казна за бегството од затворот. Се смета дека педофилите се криеле во блиската шума.

Извор:Курир

loading...

Коментирај