Печени компири со сусам

0
401

Состојки:

  • 1 кг. компири
  • 3 супени лажици сусам
  • путер
  • сол

Подготовка:

Компирите излупете ги и добро измијте ги. Потоа исечете ги на тркалца. Подредете ги во претходно подмачкан сад за печење. Путерот стопете го и потоа измешајте го со солта и со таа смеса полијте ги компирите. На крајот поросете ги компирите со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

На здравје!

Коментирај