Печени компири со пилешко и маслинки

0
872

Состојки: 

  • 4 компири
  • 400 гр. пилешки гради
  • 1/2 глава црвен кромид
  • 40 гр. маслинки
  • 50 гр. кашкавал
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1 лажиче рузмарин
  • 2 лажици маслиново масло
    сол
  • магдонос

Подготовка:

Компирите (4 парчиња) излупете ги, исечете ги на средни по големина коцки и сварете ги во солена вода. Пилешките гради (400 гр.) исечете ги на коцки и зачинете ги со рузмарин (1 лажиче) и црвен пипер (1 лажиче). Ставете ги кратко да се пропржат во малку маслиново масло (2 лажици), заедно со сецканиот црвен кромид (1/2 глава). Маслинките (40 гр.) исчистете ги и исечете ги на парчиња. Компирите, пилешкото месо и маслинките ставете ги во сад, посолете ги и убаво измешајте ги. Потоа оваа смеса ставете ја во рерна да се пече се додека не биде готово месото. Непосредно пред целосно да биде подготвено месото, посипете го јадењето со кашкавал (50 гр.). Јадењето е готово, штом кашкавалот ќе се стопи. По желба компирите посипете ги со ситно сецкан свеж магдонос.

На здравје!

Коментирај