Печено свинско каре со мед

0
1415

Состојки :

1кг свинско каре

сол и бибер

1 лажица маслиново масло

1-2 лажици мед

2 парчиња целер

1 кромид

2-3 чешниња лук

2 големи моркови

½ пиперка

5-6 гранчиња мајчина душица

200 мл пилешка супа

Подготовка:

  1. Измијте го и исушете го месото па премачкајте го со маслото и медот. Потоа посолете со сол и црн бибер.
    Морковите, целерот, кромидот и пиперките исечете ги на помали парчиња. Ставете ги во садот за печење па додадете ја мајчината душица, лукот и супата. Потоа ставете го месото врз зеленчукот и покријте го садот со фолија за печење.
  2. Подготвеното месо и зеленчук се пече во загреана рерна на 180 степени околу 80 мин. Потоа извадете ја фолијата и оставете го да се пече уште 15 минути или сè додека не порумени.kare1
  3. Печеното месо ставете го во друг сад и прекријте го со фолија. Сокот од печеното месо заедно со зеленчукот изблендирајте го и доколку вака направениот сос е густ, додајте малку супа или вода. Посолете ако има потреба.kare3
  4. Ставете го сосот неколку минути на оган на средна температура .
  5. Исечете го месото на шницли  па сервирајте го со пире од компири, сосот од зеленчук и салата по избор.

Добар апетит!

Коментирај