Паулињо: Ќе им покажам на критичарите дека не сум промашување

0
426

Барселона минува низ тежок период во кој се чини дека трансферот на Нејмар во ПСЖ и тоа како ги изненади и им ги помести плановите за иднината. Во моментов тие се трудат да најдат достајна замена за младиот Бразилец, а најблиску до потпис со „каталонците“ е Осман Дембеле.

Последното засилување на Барса е Бразилецот Паулињо, кој на изненадување на многумина стигна во клубот за 40 милиони евра. Тој беше мета на мнгоу критики, а главниот аргумент на противниците на овој трансфер беше дека на Барса не и треба ваков тип на играч, туку некој далеку покреативен.

Сепак, поранешниот играч на Тотенхем деновиве изјави дека ќе даде се од себе за да докаже дека нема да биде промашување на „каталонците“.

– Новите соиграчи многу добро ме прифатија и се чувствувам многу среќно во Барселона. Пристигнав тука да играм и да се изборам за место во стартниот тим. Исто така, ќе дадам се од себе за да ги замолчам критичарите кои што тврдат дека јас сум промашување за овој клуб, изјави Паулињо.

Коментирај