Патувал во авион со сопругата, а пилотот преку разглас го изговори неговото име: Следуваше шок кој ќе го помни цел живот (ВИДЕО)

0
1174

Сопружниците Адри и Дејвид Роуз патувале со авион од Флорида во Колоради кога таа открила дека е бремена. Не сакала тука така да му соопшти на сопругот, па го замолила авионскиот персонал да и помогне во изненадувањето.

-Имам голема молба. Тукушто дознав дека сум бремена и навистина сакам да го изненадам сопругот. Се надевам дека вие тоа ќе го објавите пред полетувањето. Неговото име е Дејвид Роуз и седи на седиштето 28E. Ако можете да ми дадете знак дека ќе објавите, јас ќе ја спремам камерата, напиша Адри во пораката која и ја подаде на стјуардесата.

Таа набрзо и покажа палец нагоре.

-Овде е вашиот пилот, ги молам Дејвид и Адри Роуз за внимание. Именуваната двојка успеа да прошверцува дополнителен патник во авионот. Имено, Адри неодамна дозна дека е бремена. На двојката и честитаме за приновата, се слушна од разгласот. Дејвид беше целосно збунет од среќната вест, додека останатите патници воодушевени врескаа.

-Чекај, што? повторуваше идниот татко.

-Господине Роуз, сега кога ја слушнавте веста, боцата со кислород ви е при рака, додаде пилотот.

Снимката од збунетиот Дејвид е објавена на Фејсбук.

Погледнете:

Коментирај