Пацоли ги подучува Албанците за кого да гласаат во вториот круг!?

0
977

„Сега е време во вториот круг во името на унапредувањето на нивниот статус во уставната рамка, Албанците да се здружат во поддршка на тој кандидат кој го гарантира патот, без враќање назад, кон евроатланската интеграција на Република северна Македонија.

Така, албанскиот глас ќе тежи повеќе и тие ќе ја зголемат својата политичка тежина во институциите како рамноправни граѓани на соседната држава“.

Ваква порака сподели на Фејсбук, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли.

Повикувањето на Албанците во Македонија да го дадат својот глас за одреден претседателскикандидат претставува своевидно мешање во претседателските избори во Македонија.

Pacoli-FB-izbori-2019-Makedonija

Коментирај