Пациентите со трансплантиран бубрег умираат – причините никој не ги утврдува

0
398

Во првите шест месеци од годинава, бубрег од жив донор добиле шест пациенти, од кои двајца починале по интервенцијата, пишува СлободенПечат.мк .

Во последниве месеци двајца пациенти, жена на возраст од 35 години и 40-годишен маж, починале откако на Клиниката за урологија им бил трансплантиран бубрег. Како што коментираат извори од клиниките загрижува бројот на починати пациенти кои според непотврдени информации се движи околу 18 луѓе за последниве неколку години. Загрижува и тоа што кај трансплантираните пациенти многу често поради настанати компликации има потреба да се прави повторна оперативна интервентција, дури и по шест пати, а тие и по два месеци да остануваат во Центарот за трансплантација затоа што здравствената состојба не им е добра.

Како што неофицијално дознава „Слободен печат“, кај 35-годишната пациентка биле направени 6 реинтервенции, два ипол месеци била во Центарот за трансплантација, и на крај починала на Клиниката за реанимација и интензивно лекување. Бубрегот и го донирала нејзината мајка, а пациентката ниту ден пред операцијата не била на дијализа.

По овој случај, имало уште еден, во кој 40-годишен пациент починал по трансплантацијата на бубгер од жив донор.

Минатата година по трансплантација починало и едно 15-годишно дете за кое исто така постојат сомневања дека се направени пропусти во лекувањето. Органот му го донирала тетката, која како што неофицијално дознаваме, исто така починала.

Според информациите наведени во анонимната преставка која е доставена до Министерството за здравство, бројот на починати пациенти по трансплантација во последниве години е 18. Пред неколку години дури починале и четири донори на органи, но тоа се криеше од јавноста.

– Недозволиво е да ви умираат донори на органи. Исто така, смртноста кај примателите кога станува збор за жив донор треба да биде на минимум – велат извори од клиниките.

Лекарски извори велат дека досега никој детално не ги разгледал сите случаи на починати пациенти на кои им е трансплантиран орган како би можело да се утврди кога настануваат комликации, зошто и дали има системски проблем.

Лекарите коментираат и дека повеќе компликации и смртни исходи има кај трансплнатациите од жив дарител отколку од ние кога се пресадуваат органи од кадавер, односно починат дарител. Како можен проблем се посочува тоа што трансплантација од жив дарител се склучува во договор меѓу пациентите, лекарите од Клиниката за нефрологија и оние од Урологија. На овие клиники, пак, со овие пациенти работат ограничен круг на лекари, кои на некој начин држат монопол со години.

Дури и листите на чекање кај пациенти се уште не се во Министертсвото за здравство односно под надлежност на националниот координатор за трансплатација, туку тие се чуваат во Клиниката за нефрологија, каде кажуваат кој е сроден примател кога има органи за трансплантација од кадавер. Ваквиот начин на поставеност на работите не дозволува со сигурност да се каже дека органите ги добива оној на кој му се најпотребни.

Неофицијално, причина за смртните случаи може да се бара и во тоа што нефролозите и уролозите имаат различен став околу тоа дали графтот, односно пресадениот бубрег, фунционира како што треба. Ако се задоцни со вадење на графтот, пациентот може да заврши фатално.

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров ја прекина трансплантацијата на бубрези токму поради големиот број на починати пациенти и компикации. Тодоров ангажираше странски доктор кој направи извештај за она што се случува. Лекарот присуствувал на една трансплантација и во извештајот ги навел сите направени пропусти, дуру и предвидел дека пациентот ќе умре што навистина се случило. Наодите на странскиот екперт ги потврдила и домашна комисија која ја составил Тодоров. Овие извештаи поранешниот министер никогаш не ги објави, но трансплантациите беа стопирани.

По извесен период продолжи да се работи со пресадувањето на бубрези, но во истите услови и со истите медицински тимови.

Годинава, до месец јуни, се направени 12 трансплантации на бубрег од кои 6 од жив донор и 6 од починат донор. Од тие шест од жив дарител двајца пациенти починале.

– Ако семејството на пациентите се сомнева дека е направена грешка во лекувањето тогаш случајот може да го пријави во Државниот здравствен и санитарен инспекторат и по него да се постапи. Во нашата земја, овој зафат редовно се изведува со процент на компликации сличен како во останатите земји во развој – велат од Министерството за здравство.

Извор:лидер.мк

Коментирај