Патот до рајот: Патување низ Медитеранот со најголемиот КРУЗЕР на светот (ВИДЕО)

0
176

„Морска симфонија“ чија изградба траеше три години, плови по Медитеранот. На првото патување, најголемиот крузен на светот тргна од Барселона.

Сопственикот на крузерот е компанијата „Ројал Карибијан“, а како што пишува Си-Ен-Ен травел, најголемиот крузер на светот е долг повеќе од 362 метри, а може да прими околу 6.680 гости и 2.200 работници на бродот, што е речиси приближно 9000 луѓе.

На овој брод се сместени 22 ресторани, 24 базени и 2759 кабини.

Бродот има 18 палуби што, објаснува Болвин Јанг, директорот на „Ројал Карибијан“ во Хонгконг, прави сите присутни да се чувствуваат пријатно и да не чувствуваат дека бродот е натрупан со луѓе.

„Како зграда, зар не? Постојат 24 лифта и седум делови. Секој дел има сопствена специфичност и со самото тоа, тенденција природно да ги подели патниците“, истакна Јанг.

Меѓу таквите делови на бродот е на пример солариум за возрасни и централниот парк украсен со 20.000 тропски билки или водниот парк.

Овој брод нуди возбудливи услуги, меѓу кои се лавиринтот од кој треба да се излезе, симулација на сурфање, но круната на се е Ултимативниот амбис – најголемиот тобоган некогаш направен на крузерот, кој се наоѓа на речиси 46 метри над нивото на морето.

Спуштањето од врвот на тој тобоган до дното трае 13,14 секунди.

На бродот се и музички уметници кои со своите настапи нудат дополнително уживање на присутните.

Кога станува збор за смештајот, првото место го зема „Ултимативниот семеен апартман“ на две нивоа, детскиот дел во разни бои кој содржи тобоган во собата, приватно кино, место за тенис и ѕид од лего коцки.

Од друга страна, делот за возрасни е дуплекс за осум лица кој излегува на приватен балкон со џакузи, а доколку гостите побараат, ќе добијат и личен батлер кој ќе води сметка за целото семејство, како и личен фотограф кој ќе направи да имаат прекрасни фотографии, пишува Си-Ен-Ен.

Оваа година, бројот кој првото патување го стартуваше од Барселона, ќе патува до Палма де Мајорка, италијанска Фиренца, Пиза, Рим и Наполи, а на есен ќе плови до Мајами на Флорида по што ќе го почне крстарењето на Карибите.

Коментирај