Патник на скопски аеродром носел огромна количина на дрога, ја пријавил како “личен багаж“

0
1056

Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице со двојно државјанство – на Република Франција и на Република Косово, поради постоење на основано сомнение дека лицето сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 од Кривичниот законик.

Кај осомничениот, при излез од Република Македонија на Аеродромот Скопје, биле пронајдени околу 2,9 килограми наркотична дрога – марихуана. Дрогата била пронајдена при царинска проверка и рентген контрола на црна торба, која осомничениот ја пријавил како личен багаж.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Ваквиот предлог беше прифатен и од страна на судија на претходна постапка  на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена.

Извор: kurir.mk

Коментирај