Паровите кои се опиваат заедно, остануваат подолго заедно

0
468

Сите сме свесни за фактот дека пиењето е штетно по здравјето, му предизвикува стрес на организмот, влијае негативно на социјалниот статус, дури влијае и на намалување на тежината. Но, една нова студија тврди дека можете да ја направите вашата врска(брак) посреќна, поздрава и што е најважно подолготрајна врска.

Истражувањето беше објавено во “Journals of Gerontology: Psychology Sciences”, Roјтерс пренесува дека во него биле вклучени приближно 3000 двојки кои се во брак повеќе од 33 години.

Откриено е дека луѓето кои пиеле заедно, си правеле друштво и во оваа активност, имале подобар и посреќен брак од оние кои воопшто не ни помислуваат на тоа.

Авторот на истражувањето, Д. Кира Бирдит од Универзитетот во Мичиген изјавила дека можеби тајната на успехот се крие во тoa што паровите на овој начин повеќе уживаат во слободното време кое го поминуваат заедно.

Тоа не значи дека брачните партнери треба постојано да го практикуваат пиењето, туку дека кога едниот од нив ќе посака да се расположи и да се опушти, другиот да го следи во чекор.

Впрочем, целата филозофија на бракот е во тоа, да си давате поддршка во се што правите, секако доколку тоа не штети никому.

Така што, овој викенд само опуштено, наздравете со вашата љубов и уживајте!

Извор:www.hybread.mk

Коментирај