Паролата „Нема правда, нема мир“ е заменета со паролата „За северна Македонија“

0
379

Во својата колумна за „Независен“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски пишува за начинот на владеење на СДСМ. Тој вели дека пенкалото со кое ќе носеле слобода и правдина е заменето со злоупотреба на полицијата и судството.

-Целата фарса наречена власт во Македонија дојде со приказната дека ќе гони криминал, дека ќе носи слобода и правдина и сето тоа ќе го стори со пенкало. Пенкалото го заменија со злоупотреба на полиција и судство, па сега новото „пенкало“ гони граѓани неистомисленици за пишан збор, спроведува политички прогон, „пенкалото“ на Заев се покажа како ефикасно и во цензурирањето. Слободата што требаше да ја донесат е, всушност, уривање на суверенитетот на граѓаните, а паролата „Нема правда, нема мир“ е заменета со паролата „За северна Македонија“, пишува Николоски

Коментирај