Парламентот на Црна Гора по итна постапка ќе го ратификува Протоколот за НАТО

0
245

Владата на Црна Гора го утврди предлог-законот за ратификација на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО и го достави до Парламентот за усвојување во итна постапка.

– Владата на Црна Гора на првата седница по стапувањето на сила на Договорот од Преспа го утврди Предлог-законот за ратификација на протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО и го достави до Парламентот на усвојување по итна постапка, објави на својот Твитер-профил Владата на Црна Гора.

Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, во својата порака вели дека со овој чин Црна Гора ја потврдува својата досегашна поддршка на земјата, која ќе биде дополнителен фактор за стабилност во регионот и неговата евроатлантска перспектива.

– Ова е важен момент. Со задоволство искажуваме желба нашата пријателска земја што побрзо да го заврши пристапнот процес и да стане 30. членка на НАТО, се вели во изјавата на Марковиќ на „Твитер“.

Извор:Лидер.мк

Коментирај