Папата Франциско во затвор: Им ги миеше и бакнуваше нозете на затворениците

0
452

Папата Франциск на „Велики четврток“ служеше миса во еден затвор, каде на 12 затвореници им ги миеше и бакнуваше нозете, меѓу затворениците имаше и двајца муслимани и по еден православец и будиста

По кратката средба со болните затвореници во, папата Франциско во затворот Реџина Коели попладнето ја предводел мисата на која на 12 затвореници од седум држави им ги миел нозете.

Според христијанската традиција, на „Велики четврток“ се обновува споменот на денот кога Исус им ги миел нозете на апостолите и ја воспоставил Еухаристијата во текот на последната вечера. Тоа е еден од најзначајните моменти на „Светете недела“ со која со обновуваат спомените на последните денови на Исус Христос.

Коментирај