Пандов до Заев: Зошто ги малтретираш луѓето по сонцево, кога планираш да бегаш од референдум? Вака ли во ЕУ ќе одиме? (ВИДЕО)

0
888

Заев зошто ги малтретираш луѓето по сонцево, кога планираш да бегаш од референдум? Вака ли во ЕУ ќе одиме?, пишува политичкиот аналитичар Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

Во видеото кое го објави Пандов се гледа редица од автобуси паркирани на булавар „Борис Трајовски“ (поранешна „Првомајска“) во општина Кисела Вода кои денеска пристигнаа од сите градови во Скопје по повод митингот на СДСМ за референдумот.

Тој во видеото прашува и коемнтира: „Вие у Европа ќе не носите вака?“, „Од Скопје кај ви е поддршката?“ „Што не им кажете на луѓето дека имате план да бегате од референдум?“, „Што ги м’кневте денеска џабе?“, „Цел град го блокирале европејците Северни“

Претходно, аналитичарот Александар Пандов ја сподели веста дека „Судијката Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка за стопирање на сите активности за референдумот“ за што го искоментира следново:

И Заев,Шеќеринска и Димитров се #Бојкотирам и на 30-ти ќе прават ајвар!

Значи дефинитивно донесовте одлука да бегате од судот на народот! Уцвикавте при толку “булдужери”, пари и сила. Џабе пропаганда, реклами, спотови, запалки и што ти уште се не. Само го раскаравте народот. Што викаат анкетите? Дебакл, катастрофа, ма дали е можно, а? Можно е, при толку безмилосно крадење и расфрлање со народни пари, можно е кога ги гледаме македонските херои секојдневно во судници, а терористи и дилери секојдневно се пуштаат од затворите! И најважното, вие барате од народот сам, со вашите глупави пенкалца да си го избрише својот идентитет и своето постоење! Начинот кој сте го одбрале да преку уставниот суд избегате од гласот на народот, верувајте ми само полошо си правите, но вие си знаете
#Бојкотирам ПОБЕДИ
Македонија ПОБЕДИ

Коментирај