Пандов до Заев: Чиј е Аце Циганот, македонски или грчки?

0
1167

Аце Циганот, жива македонска легенда од скопското подземје во деведесетите години од минатиот век. Реално зборено споредено со актуелната шарена рекетарска сподоба Боки 13, Аце ви доаѓа нешто како да го споредувате Мајк Тајсон со Саше Поликлинико!

Александар Пандов со историско-рекетарски предизвик за Зоран Заев од Таор, село за некои познато по Јустинијан Први, а за некои по Аце Циганот.

Пошто времето на политички игри е завршено еве малку историски игри, може? Македонија, како лулка на светската цивилизација и историја, во буквална смисла на зборот каде и да го потпреш велосипедот, принуден си тоа да го направиш на архелошки остатоци, кој во денешниот случај се дваестенина века стари. Денес бев до Tauresium или Таор, место кое е одалечено неколку стотини метри воздушна линија, од местото каде сега живеам. За Заев тоа е познато по Аце Циганот, жива македонска легенда од скопското подземје во деведесетите години од минатиот век. Реално зборено споредено со актуелната шарена рекетарска сподоба Боки 13, Аце ви доаѓа нешто како да го споредувате Мајк Тајсон со Саше Поликлинико! Меѓутоа за разлика од Заев, за светската историја Таор е познат како место на раѓање на Јустинијан I, еден од најголемите византиски императори, градител на Света Софија во Константинопол или Цариград, денешен Истанбул, архитектонско чудо кое привлекува милиони туристи секоја година. Со создавање на неговото Јустинијаново право постигнал трајна слава до ден денешен во правната наука. Правниот факултет во Скопје го носи неговото име. Во време на неговото владеење со Источното Римско Царство или Византија (527-565) успеал по пат на воени победи повеќекратно да ја згоелеми територијата на неговата Империја!

Муабетот ми беше кој тоа краде светска, а и соседска историја? Или да бидам попрецизен, чив е Аце Циганот, македонски или грчки?

Ацо Боцевски, познат под прекарот Ацо Циганот, се прослави со упадот во дискотеката „Хард рок“. Тој се бара поради убиството на Сеад Ибраими, трговец со кафе, кого го застрела оти претходно добил ќотек од него. Боцевски иако осуден на затворска казна од 15 години на 30. јуни 1998 година во време кога Бранко Црвенковски и СДСМ беа на власт, беше буквално пуштен од затвор и му беше овозможено да избега надвор од државата.

Извор:Република.мк

Коментирај