Пандов: Точно ли е дека Боки и поднесувал на Рада детален извештај и до каде е со рекетирањето на Орце?

0
786

По настаните од 27 април истрагата веднаш беше растрчана да ги обезбеди снимките од безбедносните камери во собранието, а истите подоцна Рускоска при судењето на патриотите масовно ги користеше – напиша на својот Фејсбук профил, Александар Пандов.

Понатаму тој пишува:
Како обвинителка и во случајот Рекет самата ни потврди дека како доказен матeријал уште во април и се дадени аудио и видео снимки од Орце, кој имавме прилика и ние да ги слушнеме.
Сакам да верувам дека меѓу првите работи кој ги направила Вилма, од кога ја започнала истрагата за Рекет била да ги побара снимките од безбедносните камери, кој сигурно ги има во комплексот во кој живеел Боки. Ако ништо друго да провери дали ја говорел вистината Тредичи кога му се фали на Орце дека се уште актуелната вицепремиерка и министерка за одбрана, како и потпрецедателка на СДС, вечерта ќе ја гоштева. И не само тоа, ако била, колку време се задржала? Точно ли е тоа што сите го говорат дека Боки и поднесувал на Рада детален извештај до каде е со рекетирањето на Орце или говореле околу НАТО и ЕУ интеграцијата на Македонија? Само таа ли вечер му била гостинка или често се дружеле и брифирале? Кој се друг фунционери и специјални обвинител(к)и оделе на ,,Тајни Вечери” кај Боки Тредичи”?

#СлободаЗаПатриотите
#АпсЗаКриминалциИРекетарите – пишува Пандов.

Коментирај