Пандов до Спасовски: Вакви ли беа препораките на Прибе, да ги прислушувате обвинителите и судиите? Вака ли е во Европа?

0
407

Политичкиот аналитичар, Александар Пандов преку својот Фејсбук профил го коментира новиот скандал со прислушувањето во јавното обвинителство.

Неговата Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

„Времето во кое било прислушнувано обвинителството се поклопува со министерувањето на Оливер Спасовски со МВР. Истиот Оливер кој и после три недели не сака да превземе одговорност и поднесе оставка за заминувањето на Груевски.

Па логично е ваљда секој човек да си го постави прашањето, ако ликов нив ги слушал, што правел по другите институции, а воопшто и да не помислуваме што останува за нас, обичните граѓани! Или до толку е неспособен да ги заштити нив, а и нас.

Вакви ли беа препораките на Прибе, да ги прислушувате обвинителите и судиите? Вака ли е во Европа?“.

Pandov-za-prislusuvanje

Коментирај