Пандов: Синоќа бевме сведоци како човеколики суштества во име на личните интереси, го продаваа името на народот

0
2450

Синоќа бевме сведоци како човеколики суштества во име на личните интереси, го продаваа името на народот со кој до синоќа тврделе дека се исто и му гарантирале дека по никоја цена нема да гласаат за промена на уставот поради промена на уставното име а овој наивен ги гласал, името на партијата која од ништо ги направила нешто, како и името на државата Македонија, за која и во чиво име генераци и генерации на Македонци се бореле и го дале својот живот!

Бедата и очајот беа дотолку поголем што на отворена сцена гледавме како фунционира европскиот и по Прибе правен систем „Јас тебе глас, ти мене простување за се во минатото“! Цел невладин сектор, платеници на Сорос и грчкото МНР, истите тие кои го офарбаа градов урлајќи #НемаПравдаНемаМир, сега се во само цензура, пошто плаќачот така им наредил.

И нека не ве лаже Заев дека се договорил „само“ за амнестија за 27 април. Министерката е под СЈО, а кога може за градителот на Скопје 2014, зошто не би можело и за секој друг. И на Авирович синот е под СЈО. Затоа ве частеа лубриканти! Ова ви беше само „глаучката“. Понатамошното гласање ќе ве увери во ова. На крај ќе излезе дека Никола и Миле се криви за се, а и во тоа се сомневам.

Конечно, што после ова предавство е најчестото прашање? Сега караванот ќе си врви, а ќе нема ни кучиња да го лаат! Додека СДС ќе си се пазари со амнестии за СЈО и 27 април, ВМРО-ДПМНЕ поради и понатамошното раслојување на пратеничката група, ќе се занимава со сама себе.

Пишува: Политичкиот аналитичар Александар Пандов на Фејсбук

Коментирај