Пандов: Нема ништо полошо од тоа граѓаните во една земја да западнат во општа апатија – за жал на Македонија токму тоа и се случува

0
912

Нема ништо полошо од тоа граѓаните во една земја да западнат во општа апатија, а за жал на Македонија токму тоа и се случува во моментов. И секој еден што ќе искоментира: ,,А како и не би биле?” е сосема во право. Во период од само три години Македонија го изгуби своето уставно име, Македонците својата историја и идентитет, а од народните пари во буџетот немилосрдно се краде префрлувајќи си пари по приватните фирми на владините министри и функционери, преку ,,иновации” и тендери.

Бескрупулозно се рекетира бизнис секторот и од нивните сметки се испумпани милиони и милиони еура, пари кои повторно завршуваат во џебовите на партиската СДС ,,елита”. Нивното партиско дувло СЈО, кое им служеше како алатка за елиминирање на политички непријатели и дополнително како јамка околу вратот на луѓето за изнудување пари или политички услуги (гласањето на 8-те пратеници за промена на уставот), гледаме дека и предводеле во грабање на пари во вид на разни надоместоци па земале плати по 5 х поголеми од своите колеги во ЈО. Кога веќе ги спомнав пратениците, дочекавме отворено пратеникот Илија Димовски да се жали дека тој и уште 15 други пратеници од опозицијата биле жртви на овој рекет клан. Сите имавме можност да слушнеме лично од главниот рекетар во државава Боки Тредичи, како од Жарко Луковски бил многу задоволен пошто бил многу прецизен и дека си го решил проблемот, а и многу други работи, директно со Заев. Од истиот тој Боки слушнавме дека вечерта кога ги зема парите кај него дома на вечера му е Шеќеринска, а подоцна на Орце му покажува и слика од Зоран Заев кај него дома. Јовевевски тврди политичари во Рекет нема замешано.

Пред 10 дена дознавме дека Ден Дончев и Венко Филипче рекетирале Македонска компанија по 60.000 еура месечно, при што повторно како посредници се појавуваат кичевскиот, Боки Тредичи, но овојпат и влијателно црковно лице од Струмица. Откако луѓево ја продаваат компанијава на шведска реномирана компанија, им ги блокираат парите и им бараат 3.000.000 еура рекет за да им ги пуштат. Луѓево се жалат дека немаат толку пари да им дадат, па екипава им прави контакт со ,,фиљан” луѓе во Арачиново да им ги позајмат со 11% месечна камата! И повторно никому ништо.

Вилма Рускоска, кај која Заев се пофали дека прв го пријавил рекетот, а таа наредниот ден побрза да потврди дека тоа се случило, но без записник или било каква пишана белешка, жената која за потребите на Заев ги ослободи од притвор пратениците и со самото тоа ни докажа дека е извршител на Заев, не гледа опасност дека погоре посочените функционери можат да влијаат на сведоците, да го повторат делото, а и да бегаат, поготово Ден Дончев за Австралија.

Никогаш, ама баш никогаш во Македонија не постоле поголема правна несигурност. Новинарите кои се осмелуваат да проговорат или напишат за криминалите на оваа банда се под постојан притисок и прогон. Тоа што три Врховни судови на земји членки на ЕУ гледаат дека во земјава политички се осудуваат луѓето, не и го одзема правото на хунтава да ги држи по Македонските затвори Горан, Митко, Игор, Јане и останатите патриоти и уставобранители на над два века робија со пресуди за тероризам.Точно е, поради се ова Македонските граѓани се уплашени и имаат страв да говорат јавно. Меѓутоа нивното трпение е пред крај, а погледнете ја и последната анкета и се ќе ви биде јасно какво е нивното мислење.

#ДолеХунта #ВиСеБлижиКрајот #СлободаИлиСмрт

Фејсбук објава на политичкиот аналитичар Александар Пандов

Коментирај