Пандов до Боки и Катица: После сите криминалии што ги направија бандитиве од СДС, вие двајца, плус Кичевец, најкабает испаднавте во државава

0
582

Боки мора да си признаете со Катица дека испаднавте многу глупи и наивни! Што испадна на крај, Катица за 50.000 еура и кауч доби 7 години, а ти затоа што ги пунеше со кешовина „бардовите“ Ордановски, Кабранов, Јовановски во 1 ТВ… неколку викенди и шопинзи у Милано, плус курчење година дена у градов, 9 години робија. Какви сте вие будали! После сите криминалии што ги направија бандитиве од СДС и сите пари што ги опљачкаа, вие двајца, плус Кичевец, најкабает испаднавте во државава. Дури гледаш ги темпирале пресудиве како за почеток на изборна кампања, да покажат на народов како функционира правната држава во Република Македонија.

Факт е дека и јас погрешив, кога на почетокот од случајот Рекет, сето мое внимание го насочив кон Катица, која за жал не ме послуша. Денешниот твој крик и тврдење: „Рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заев“, поготово делот во кој додаваш „Едвај чекам да дозволите да отидам во ЈО овие денови да ги пријавам сите кривични дела за сите вистински сторители на кривични дела“, ми дава за право да помислам дека барем тебе ти дошол памет.

Види Боки, мене и на поголем дел од македонската јавност, сосема ни беше јасно и без да го слушаме твојот разговор со Орце во кој споделувате како брачниот пар Шеќерински вечерта ќе дојдат да го проверат и оверат вашиот договор, дека се замешани во Рекет. Исто не требаше тебе да те слушам како со Венко Филипче си договарал приватизација на државни болници, за да знам за каков апаш и измамник се работи. Се стана јасно уште кога договори тендер од 37 милиони евра со фирма која е недела дена стара, а ја води некој 25 годишник. Се сеќаваш како лажеше за внука му со вакцините?

Или што мислиш, дека после кражбата од 8 милиони во Глобал и аболицијата од Црвенковски, Заев се сменил. НЕ. Па и ти го виде како бара едно евро за брат му Вице, едно за него и плус му посочува на човекот, да не се секира, исто ко него веќе си платил Мито, за бишкарникот.

Муабетов Боки ми е дека народов не пие нафта, јасно му е кој е капо ди тути капи во Македонија и без ти да ни кажуваш каде се парите. Но, многу подобро е кога има сведок кој е од внатре, од „фамилијата“ и кој е спремен да сведочи!

Друго кажува кога ти кој си бил во „фамилијата“, како соработник директно посведочиш кој се се мрсел од 1.500.000 милиони еура од Орце, како и од Целе Пелистерка, Томче Ноел, Зоки Езимит, Сиљан Пелистер и од уште многу за нас незнајни, НО, за тебе знајни бизнисмени.

Не знам дали ти е јасно, но ти самиот си дозволи да човечки испрдоци и лигуши во ликовите на Кирацовски или оној што им е портпарол Коки, спасат гз пошто нели не те познавале и вечерва си се смешкаат по дома, а за тебе Рускоска уште и не била задоволна, очекувала над 10, ваљда со 13 години ќе беше задоволена.

Чисто да те потсетам дека хунтава, повторно помогнати од Рускоска, ги осуди патриотите за „тероризам“ за 27 Април на по 12, 15 и 18 години, а Нинџа доби 8. Ти доби 9, а реално да збориме ти си мало бебе за него. Мој совет ти е да си пропееш и да и помогнеш на ВМРО што побрзо ги стави овие криминалци зад решетки во Шутка. Ти единствено на тој начин ќе го задржиш медиумското внимание на себе, а верувам ако им тргнеш остро ќе добиеш и поддршка на македонската јавност за намалување на твојата казна. На место поздрав, како идеше онаа вашата #НемаПравдаНемаМир

Фејсбук објава на политичкиот аналитичар Александар Пандов

Боки 13: Ова е политичка пресуда, парите рекетирани барајте ги кај Вице и Зоран Заев (ВИДЕО)

Пандов: Ако Боки Тредичи и Катица добија по 9 и 7 години робија, по колку ќе добијат Заев & СДС каде што и завршија милионите евра?

Коментирај