Пандов: #Бојкотирам, бидејќи по политичката одлука на Уставен, не постои друг начин да се преброиме

0
425

Во држави од ваков тип политиката секогаш е над правото, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов, коментирајќи ја денешната одлука на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.

„Денес уставниот суд донесе политичка одлука која ја поздравувам. Не постои друг начин да се преброиме и видиме кој за што е, ако нема референдум. Останува во наредниов период уште погласно да му се објасни на народот, зошто за неговиот и опстанокот на државата не треба да излезе на 30-ти на гласање, за вечерта заедно да прославиме по македонските плоштади. #Бојкотирам“ напиша Пандов на својот Фејсбук профил.

Коментирај